ЈАВЕН ПОВИК

 

Врз основа на член 50 став 1 точка 15 и член 66 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02) и Одлуката за за продажба за подвижно основно средство автобус бр 0701 - 873/20 од 29.07.2013 година донесена од Советот на Општина Карбинци, Градоначалникот на Општина Карбинци, објавува:

 

ОГЛАС

 

за продажба на моторно возило- автобус сопственост на Општина Карбинци

 

по пат на јавно наддавање

 

1.Предмет на огласот е продажба на моторно возило-автобус сопственост на Општина Карбинци по пат на јавно наддавање и тоа:

 - Автобус марка САНОС

 - тип 115

 Број на шасија :13621

 Број на мотор:141723

 Година на производство:1984

 Сила на мотор:155 KW

 Маса на празно возило:9440 kg

 Места за седење:30

 Места за стоење:80

 Боја на каросерија:74 црвена и 45 слонова кост:

 Регистерска ознака: SK-969-BV

 2. Почетната цена за продажба на автобусот од точка 1 изнесува 3.197 евра(196.628,00 денари) согласно Извештајот за процена на пазарната вредност на транспортно средство број 08/74-99/13 од 04.11.2013 година изготвен од страна на ЦКИ Концепт ЕУ ДОО Кочани.

 3. Право на учество на јавното наддавање имаат домашни и странски физички и правни лица.

 4. Јавното наддавање се спроведува на начин при што учесниците на јавното наддавање ја наддаваат почетната цена утврдена во Огласот за јавно наддавање зголемена за 20 (евра).

 5. За учество на јавното наддавање потребно е да се уплати 20 % од почетната вредност на моторното возило предмет на продажба.Уплатата да се изврши на трезорска сметка: 1000000000630-95; депонент: НБРМ; примач: Буџет на Општина Карбинци, сметка на корисник 733014106869617, приходна шифра: 733111;програма: 00, во вид на депозит за учество на јавно наддавање. најдоцна до 12 часот на денот на јавното наддавање. 

6. На јавното наддавање не можат да учествуваат лица кои немаат уплатено депозит согласно точка 5 од овој оглас во на јавно наддавање, најкасно до денот на наддавањето.

7. Доколку како понудувач се јави едно лице, договорот за продажба на основни средства ќе се склучи со него доколку ја понудил најмалку почетната цена на наддавањето.

8. За најуспешен се утврдува наддавачот кој на јавното наддавање понудил највисока цена како последна понудена цена и усно повторена по трет пат од страна на водителот на наддавањето.

9. Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнататa цена.

10. На учесниците во наддавањето кои немале највисока понуда уплатениот депозит ќе им биде вратен по завршувањето на постапката.

11. Понудувачот кој бил најповолен на јавното наддавање е должен во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач да ја уплати цената постигната на истото на сметка на Општина Карбинци, при што во средствата се пресметува и уплатениот депозит.

12. Доколку најповолниот наддавач не ги уплати средствата во определениот рок од 5 (пет) дена, депозитот нема да му се врати назад.

13. Откако ќе бидат уплатени средства за подвижниот имот-автобус од страна на најповолниот наддавач, во рок од 8 (осум) дена, Градоначалникот ќе склучи договор за отуѓување на подвижниот имот-моторно средство - автобус со најповолниот наддавач.

14. Ако најповолниот наддавач не склучи договор за продажба во рокот утврден со огласот, следно рангираните по редослед наддавачи кои ги исполниле условите и ја наддале почетната цена, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на договорот.

15. Моторното возило автобус – предмет на продажба се наоѓа во Општина Карбинци и може да се прегледа секој работен ден во периодот од 07.00 до 15.00 часот.

16. Јавното наддавање за продажба на автобусот од точка 1 на овој Оглас ќе се одржи на 27 Август 2014 година(среда) во 13 часот, во просториите на Општина Карбинци и ќе трае 30 (триесет) минути.

17. Информации околу објавениот оглас можат да се добијат во седиштето на Општина Карбинци или на телефон 032/300 300.

18. Заинтересираните субјекти треба да достават писмена понуда, затворена во плик со задолжително означување „За оглас за продажба на моторно возило-автобус со јавно наддавање“ најдоцна до 27 Август 2014 година (среда) до 12.00 часот на архивата на Општина Карбинци или по пошта на адреса Општина Карбинци, с.Карбинци, 2207.

19. Сите други права и обврски помеѓу продавачот и купувачот ќе бидат регулирани со посебен договор.

20.Услови за учество во усното јавно наддавање

- Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат пријава за учество во јавното наддавање (во писмена форма), комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар):

-  Доказ за платен депозит (оргинал);

За физички лица уверение за државјанство и лична карта;

За правни лица доказ за регистрација на правното лице во Централниот регистар РМ (Тековна состојба), не постар од 30 дена;

Уредно полномшно за полномошникот што го преставува правното лице, односно доказ за својство на одговорно лице за правното лице;

Сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на огласот за јавното наддавање, и депонентна банка;

Е-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши известување на подносителите за уредноста и комплетноста на пријавата;

-  Телефонски број за контакт.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на јавното наддавање за што подносителите на некомплетните пријави ќе бидат известени по електронски пат.

21. Постапка

 

- На денот на одржувањето на усното јавно наддавање овластените лица на подносителите на пријавите пристапуваат на усното јавно наддавање, со гласно кажување на повисоката понуда на почетната цена;

- Усното јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање:

- Усното јавно наддавање го следи и води Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Карбинци;

- Усното јавно наддавање започнува со објавување на почетната вкупна цена на продажбата на основните средства-моторно возило-автобус, а се  спроведува по пат на наддавање од страна на подносителите понудувачи;

- Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор”  за не помалку од 20(дваесет) евра без пресметан ДДВ;

- Јавното наддавање може да трае и пократко од предвиденото, доколку учесниците на јавното наддавање се откажале од натамошното наддавање и ако на последната понудена цена Комисијата констатира дека по трипати јавно понудена последна цена нема нова понуда;

- Усното јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето предвидено во Огласот, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на понудувачите е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Продолжување на крајниот рок е дозволено најмногу три пати во текот на јавното наддавање.

- Учесникот – понудувач на јавното наддавање кој понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач;

- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Извештај за спроведеното јавно наддавање, кој го потпишува и најповолниот понудувач и по електронски пат го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

-  Начинот на плаќање е следниот:

  • Најповолниот понудувач е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач да ја уплати цената постигната на истото на сметка на Општина Карбинци, при што во средствата се пресметува и уплатениот депозит.
  • Доколку најповолниот понудувач не го уплати целиот износ постигнат на јавното наддавање во утврдениот рок, ќе се смета дека основното средство не е продадено и нема да се пристапи кон склучување на договор за купопродажба, а депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.

-    По извршената уплата на износот во утврдениот рок, Градоначалникот на Општина Карбинци, во рок од 8(осум) дена склучува Договор со најповолниот понудувач (купец) за продажба на предметното основно средство.

-    Вкупната цена е без пресметан ДДВ.

-    Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3(три) дена од денот на добивање на Извештајот од одржаното јавно наддавање.

-    По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 ( пет) дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

-    Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање и WEB страната на Општина Карбинци: www.opstinakarbinci.gov.mk.

 

                      Број 08-1023/2                                                                      Градоначалник на Општина Карбинци

                 05 Август 2014година                                                                                   Зоран Минов

                             Карбинци

ЈАВЕН ПОВИК

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати  на Министерството за животна средина и просторно планирање   бр. 41- 6189/1 од 03.09.2013 година, Акциониот план за чистење и уредување на речните корита во Република Мкедонија за 2013 година и Анекс на Договорот број 02-11665/1 од 06.12.2013 година за доделување на нафтени деривати број 02-6314/8 од 30.05.2014 година склучен меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Карбинци, Градоначалникот на Општина Карбинци објавува:  

 

 

Ј  А  В  Е  Н    П  О  В  И  К

за чистење и уредување на речните корита во Општина Карбинци

ОПШТИ УСЛОВИ

             1.Набавувач:

             Општина Карбинци , с.Карбинци 2207

              Телефон : 032 / 300 300, факс   032 / 300 022

            2. Предмет на повикот

Предмет на јавниот повик е: ангажирање на правно лице, кое располага со потребна градежна механизација за чистење на речните корита на територијата на Општина Карбинци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати бр.41- 6189/1 од 03.09.2013 година и Акциониот план за чистење и уредување на речните корита во Република Македонија за 2013 година, како и Анексот на Договорот број 02-11665/1 од 06.12.2013 година за доделување на нафтени деривати број 02-6314/8 од30.05.2014 година склучен меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Карбинци

Основни работни активности кои ќе се извршуваат заради чистење на речните корита се следните:

Прочитај повеќе...